Концертот на Карлеуша: Го најавуваше како спектакл, доживеа невиден дебакл!

Доцнеше час и половина, озвучувањето трокираше, ништо од хеликоптерот со кој требаше да слета на сцената! Јелена Карлеуша синоќа плачеше и пееше, најави бесплатен концерт за вечерва!

Концертот на Карлеуша за кој се зборуваше цел месец синоќа во Белград с еодржа со задоцнување од час и половина. Сите планирани ефекти поврзани со техника и осветлување изостанаа - опремата се расипа! Карлешуа плачеше и пееше. Таа самата концертот го најавуваше како спектакл невиден на Балканот, но доживеа огромно фијаско.

На почетокот, пред да излезе на сцената, таа поради силна исцрпеност мораше да прими инекција со адреналин и инфузија. Изостана слетувањето на бината со хеликоптер.

Наместо во 20.30, концертот почна во 22 часот. Публика - само 10 000 луѓе. Видео бимот не работи.

- Ми дојдоа солзи, што од среќа, што од тоа што на сцената ништо не ни работи. Имав две опции - да го откажам концертот или да го одржам и да продолжам понатаму - и се обрати на публиката расплаканата Карлеуша.

Препродавачите од мака ги фрлале картите, а за ВИП влезниците ретко кој дал 500 динари па ги делеле бесплатно!

Вечерва Јелена Карлеуша ќе одржи уште еден концерт, бесплатно. Синоќешниот го нарече генерална проба.

- Ќе правам и пет концерти по ред додека не биде се како што треба - изјави таа./ извор:kurir-info.rs

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер