24 Часа: Марин Рајков ќе биде новиот премиер на Бугарија

Актуелниот бугарски амбасадор во Франција, Марин Рајков е најасериозниот кандидат за претседател на техничката влада на Бугарија, тврди во денешниот број софискиот весник „24 Часа“.

Според најавите, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев попладнево ќе го соопшти составот на техничката влада, која ќе има задача да раководи со земјата до одржувањето на предвремените парламентрани избори закажани за 12 мај.

Како што јави БТА, Рајков во изјава за весникот „Труд“ одби да ги коментира информациите дека ќе биде новиот бугарски премиер. - Не можам ниту да негирам, ниту да потврдам, кусо одговори Рајков.

Бугарските медиуми шпекулираат дека во техничката влада Бугарија првпат би можела да добие жена за министер за внатрешни работи, функција која би ја презела актуелниот раководител на Дирекцијата за ЕУ и меѓунарона соработка при ова Министерство, Петја Прванова.

Министер за финансии најверојатно ќе биде заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, Калин Христов, а со бугарската дипломатија ќе раководи актуелниот амбасадор на Бугарија во Велика Британија, Константин Димитров. Најсериозен кандидат за нов министер за одбрана е Тодор Тагарев, додека директорот на Националниот институт за правда, Дргаомир Јорданов се споменува како фаворит за нов министер за правда.

Пливачот Петар Стојчев, кој е неколкукратен победник на Охридскиот маратон, пак се споменува како најсериозен кандидат за нов бугарски министер за спорт.

Плевнелиев во интервју за австрискиот весник „Стандард“ најави дека мотото на оваа влада ќе биде „За Европа, за демократија, за економски развој“. Според Плевнелиев, сите членови на техничката влада ќе бидат личности кои „своите кариери и репуртации ги граделе од нула“.

Предвремените избори во Буграија беа закажани по трите неуспешни обиди на најголемите парламентарни партии да формираат нова влада, откако досегашниот премиер Бојко Борисов на 20 февруари поднесе оставка под притосок на масовните улични протести поради поскапувањето на струјата./извор МИА

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер