На снимката се гледа како рибарите од Кушадаси во водата наоѓаат мало дете кое на себе има појас за спасување.

- Беше сосема блед. Се сомневавме на хипотермија бидејќи беше ладен, а рацете и стапалата му беа бели. Му одеше и пена на устата. Го покривме бебето со ќебе и се обидовме да го спасиме. Беше префрлено во болница во Кушадаси - изјави за Хуриет капетанот на бродот Реџеп Ерван.

Момчето Мохамед Хасан е во добра здравствена состојба и пуштено е од болницата во Измир, откако првична помош му била укажана во Кушадаси.

Рибарите од истиот брод спасија уште 15 лица меѓу кои една бремена жена.

Грчката крајбрежна стража објави дека три деца и жена се удавиле кога брод со 63 бегалци се превртел во близина на грчкиот остров Лезбос.

Датум на објава: понеделник, 26 октомври 2015 во 13:57
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:59

коментари

остави коментар