Попоски на конференцијата ќе учествува на покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.

На конференцијата, на која ќе учествуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на ИСИЛ, како и за враќањето во нивните матични земји.

Министерот Попоски на конференцијата ќе ги презентира преземените и планирани активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам. 

Датум на објава: четврток, 19 март 2015 во 15:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар