Според информациите на СВР Тетово, утрово околу шест часот, повторно дошло до срушување на лавина во близина на бензинската станица кај Бигорскиот манастир на стотина метри од местото каде синоќа паднаа околу илјада кубни метри нанос.

Локалните власти од трите општини Маврово и Ростуше, Дебар  и Центар Жупа се во постојана коорднација и се прават напори да се обезбедат повеќе машини за расчистување.

По прекинот на сообраќајот во двете насоки на регионалниот пат кон Дебар, од вчера во прекин е и снабдувањето со електрична енергија на селата во мавровскиот и реканскиот регион. Првично, проблемот настанал поради дефект на 30 киловолтниот далековод. Тешко прооден е кружниот пат околу Мавровското езеро, каде неколку заглавени возила дополнително го попречуваат одвивањето на сообраќајот на овој патен правец.

Од синоќешната лавина со над илјада кубни метри снег, камен и дрвја, сообраќајот на патот Маврово-Дебар беше во прекин околу три часа. Во нејзиното расчистување први се вклучија монасите од Бигорската обител, по што секцијата на ЈП „Македонија пат“ интервенираше со два багера.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 10:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар