Наградата за најдобро прозно дело „Стале Попов“ ја доби Јагода Михајловска-Георгиева за романот „Манастир Фуентерабија“. Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е доделена наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца - за стихозбирката „Скокни, прескокни“, а Љерка Тот Наумова ја доби годинашната награда „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите - за  „Невидлива врата“, книга поезија на хрватски  - мајчин јазик на авторката.

Наградите ќе бидат врачени на свечен собир по повод 71 година од формирањето на македонската писателска асоцијација, а реч по повод годишнината ќе има нејзиниот претседател Веле Смилевски.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле, Ацо Шопов и Блаже Конески - кој бил и прв претседател на ДПМ.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 09:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар