Морскиот биолог Нен Хаусер вели дека грбавиот кит ја заштитил неа и нејзиниот тим од агресивна тигреста ајкула.

Големиот кит тежок 25 тони и долг 14 метри во еден миг ја подигна Нен над водата. Според морскиот биолог тоа е само уште еден доказ дека кај китовите е вродено чувството да ги заштитуваат другите суштества, вклучувајќи ги и луѓето. Таа верува дека вакво нешто досега  никогаш не било снимено, пренесува „Дејли маил:

-Не бев сигурна што сакаше китот да направи кога ми се доближи. Не престана да ме турка цели десет минути. 28 години минав под вода со китови но, досега не сум имала кит кој бил толку грижлив, кој инсистираше да ме смести под својата перка, изјави морскиот биолог Нен Хаусер.

Според научниците ова е прв случај документиран со видео, во кој кит штити човек од ајкула. 

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 13:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:45

коментари

остави коментар