Се уште е неизвесно дали пратениците од владејачкото мнозинство сами ќе одлучуваат поради неучеството во работата на пратениците од опозицијата.

Се очекува неделава исто така претседателот Ѓорге Иванов да се изјасни дали ќе го потпише указот за Законот за употребата на јазиците и доколку не го стори тоа да го врати законот во Собранието. 

Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде донесен на два дена пред средбата (17 јануари) на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц со преговарачите од македонска и грчка страна, а Столтенберг според агендата, во земјата ќе биде на 17 јануари и на 18 јануари. Генералниот секретар ќе се обрати пред пратениците во четврток напладне.

За утре во Собранието се закажани 30. собраниска седница, а седници ќе одржат и комисиите за европски прашања и за култура како и Законодавно-правната комисија.

Освен Договорот со Бугарија на оваа седница на дневен ред се и реформските закони за следење на комуникациите, во прво читање, измените на законите за администрација, во второ читање, законот за амнестија и други, вкупно 37. точки на дневниот ред.

Датумот на носењето на Договорот со Бугарија во македонскиот Парламент се поклопува со презентацијата на Програмата и приоритети за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари - јуни 2018 година од страна на бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков. 

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 09:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:44

коментари

остави коментар