Воведно обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а ќе учествуваат и претставници од министерствата надлежни за областите за кои биле спроведени истражувањата.

Конференцијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Попладне ќе се одржи и Маршот на толеранцијa „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ кој започнува во 15 часот од Музеј на Град Скопје. Оттаму, учесниците ќе се движат по улица Македонија, а маршот, кој е поддржан од 25 граѓански организации, ќе заврши со обраќања од учесниците во парк „Жена борец” спроти Собранието на РМ. /МИА

коментари

остави коментар