Седумгодишната штипјанка Валерија ги сплоти штипјани. Експресно организираа хуманитарни активности за спас на девојчето, кај кое е  дијагностициран тумор на мозокот. Спасот е итна операција. Чини безмалку 40 илјади или поточно 37.900 евра. Времето не е сојузник на семејството на болното детенце, затоа Штип и овој пат го покажа хуманото срце. Сите се вклучени во акцијата, Валерија навреме да биде оперирана во Турција.

- Бевме ние во Ачибадем во Турција, каде докторот ни рече дека операција ке мора под итно да се направи за да се одстрани туморот. Последните испитувања со магнетна резонанца говорат дека за само еден месец туморот пораснал за 1,5 сантиметри, што кај лекарите е знак за итно превземање на мерки за негово одстранување, објасни Марина Зафировска – мајка на болното девојче Валерија.

Родителите додека разговаравме зборуваа со треперлив глас. Од една страна не ја кријат вознемиреноста од помислата дали навреме ке бидат собрани потребните средства, за да може на крајот од овој месец да заминат во Турција каде нивната керка Валерија ке биде оперирана. Од друга страна, пријатно се изненадени со брзината на собирањето на средствата, не очекувале на ваков хуман одзив не само од сограганите, но и пошироко, особено преку социјалните мрежи.

- Сакам да кажам дека тука нема ништо партиски, сега не е важно кој на која партија припага, сите се вклучени заеднички да го испочитуваме дадениот рок, навреме да се соберат потребните пари и со Валњрија и сопругата, на крајот од овој месец да заминеме на операција во Турција. Не знам како да им се заблагодарам на сите, освен огромно благодарам  до сите кои несебично ни помогаат во овие за нас тешки моменти на неизвесност за спас на нашата керка, изјави Зафир Зафировски – татко на болното девојче.

Во акцијата за спас се вклучи и Општината.

- Денеска правиме список на нашите вработени за да донираат кој колку може,а од утре ке издадам налог да бидат одвоени средства и од општинската каса за спас на нашата мала сограганка, изјави Благој Бочварски – градоначалник на општина Штип.
... Во мегувреме, со пунктови во градот Црвениот Крст ја поттикнува хуманоста на штипјани. Најавени се и концерти за помош на малата Валерија. Докторот, еден од десетте најдобри детски неурохирурзи во светот им гарантира на загрижените родители, успешност на операцијата. Во мегувреме, Валерија оди на училиште. Постигнува успеси , особено во Математика, а штипската и поширока јавност очекува  успех и во нејзината најважна битка во животот.

Попладнево Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека во врска со апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапил во контакт со родителот и утврдил дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.

Од Фондот наведуваат дека иако немаат добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, веќе закажале состанок со стручните лица од Универзитетската клиника за неврохирургија и со Универзитетската клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење.

Фондот максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарно мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи. Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно. На крајот би сакале да додадеме дека наша прва и основна цел е грижата за осигурениците, стои во соопштението.



Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 15:17
Дејан Ефремов
Обновено во: 18:06

коментари

остави коментар