Целта на настанот е да се адресираат моменталните предизвици поврзани со регулативата на работните односи кои се специфични за ИКТ  секторот.

Меѓународни и домашни експерти ќе презентираат и дискутираат идеи и практики кои веќе се користат во интернационални рамки и кои можат да бидат прилагодени согласно специфичните потреби на ИКТ секторот во Македонија.

Организаторите најавуваат дека на форумот ќе се обратат шефот на мисијата на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, шефот на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски и Анета Антова Пешева, заменик претседател на Управниот одбор на МАСИТ.  /МИА

коментари

остави коментар