Се чини дека змијата се обидела да изеде бодликаво прасе, кое се послужило со своите боцки за самоодбрана.

Еден Бразилец ја снимил целата сцена додека неговото куче гласно и лаело на змијата.

Видеото е поставено на „LiveLeak“ минатата недела, за потоа да уследат бројни коментари на корисниците.

„Помогнете и на змијата“ – гласеше еден од коментарите.

„Лош ден за змијата. Скратете и ги маките изгледа болно“ – стоело во друг коментар.

Инаку змиите се хранат со глувци, лилјаци, птици и гуштери, а потребни им се 4-6 дена за да ја сварат храната.

Изгледа дека оваа змија била поприлично гладна кога се одлучила да нападне бодликаво прасе.

Датум на објава: сабота, 01 април 2017 во 11:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар