Германката Киријазис, која е повеќекратна светска шампионка и освојувач на злато од Торино во 2006 година, смета дека е исфрлена од тимот со тоа што ѝ е сменета улогата. Меѓутоа таа исто така смета дека е правно одговорна за санката и дека поради тоа ќе ја одземе, па тимот нема да има со што да се спушти низ стазата и да се натпреварува.

- Никогаш во животот не сум имала вакво разочарување во овој спорт, вели Киријазис.

Таа според договорот требала да биде тренер на тимот, но од Јамајканската федерација е прераспределена во аналитичар на патеката, што би значело да нема пристап до натпреварувачките.  Киријазис потенцира дека е одговорна за санката, бидејќи самата ја набавила благодарение на своите познанства.

- Членовите на екипата не разбираат зошто се случи ова и немаат проблем со мене. Ние сме во добри односи, нагласува таа.

Јамајка е позната по тоа што нивниот машки боб-тим имаше легендарен дебитански настап на Игрите во Калгари во 1988 година, а 30 години подоцна во Пјонгчанг има шанса да дебитира и женската екипа./МИА

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 19:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар