Капитенот на екипата на Горење, Медвед се повреди на вчерашната контролна средбата против Србија, па селекторот Веселин Вујовиќ мораше да менува во последен момент.
Како замена за Медвед, селекторот Вујовиќ веќе го повика неговиот клупскиот колега, Матич Ведринек.
Словенците останаа без неколку клучен играч откако претходно, исто така поради повреди, настапот на Европското првенство го откажаа Матеј Габер, Јуре Доленец, Давид Миклавчич и Вид Потеко.
Словенија ќе биде првиот противник на Македонија на ЕП и тоа во дуел кој ќе се игра в сабота во Загреб./МИА

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 18:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар