Ракометарите на Вардар кои по подготовките во Словенија, заминаа за Германија каде ќе одиграат три контролни средби, го загубија првиот против Бергишер со 25-27 полувреме 17-14.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари. Во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а исто така и другите играчи кои вообичаено имаат помала минутажа.

Најефикаснин во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8 гола, Вуко Борозан постигна 5, а Игор Карачиќ и новото засилување Данил Криштопанс придодадоа по 3, односно 2 гола.

За црвено-црните денеска и утре следуваат уште два контролни натпревари о кои првиот е против Рајн Некар. /МИА

коментари

остави коментар