Најдобриот десен бек во светот потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Тој заминува од Каталонија по четири сезони со сите можни освоени трофеи и соборени рекорди. Во новиот клуб ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е негов некогашен соиграч од Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), а сега ја извршува функцијата помошник тренер. Во ростерот на Нант се наоѓаат и поранешните соиграчи на Лазаров од Барселона, Гурбиндо и Белегер.

Новата екипа на Лазаров е второпласирана во францускиот шампионат со само еден бод заостанување за лидерот ПСЖ.

Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпеље и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.

Во својата кариера Лазаров го носеше дресот на: Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација Осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона.

Во клупскиот ракомет капитенот на македонската ракометна репрезентација освои 52 трофеи. 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 19:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар