Македонските ракометарки во група со Ангола, Исланд и САД на СП 2024

Македонската женска јуниорска репрезентација ќе игра во Х-групата заедно со националните тимови на Ангола, Исланд и САД на претстојното Светско првенство. 

Мундијалот во втората половина на јуни оваа година ќе се игра во Македонија која како домаќин одбра да игра во групата Х.

Другите групи се:

А-група: Романија, Холандија, Бразил, Иран

Б-група: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле

Ц-група: Унгарија, Кореја, Аргентина, Мексико

Д-група: Данска, Норвешка, Јапонија, Тајван,

Е-група: Шведска, Чешка, Кина, Алжир

Ф-група: Франција, Германија, Шпанија, репрезентација која ќе добие валјд карта

Г-група: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан.

Мицкоски: Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ одат во опозиција

По речиси седум години во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ја слави убедливата победа на парламентарните и на претседателските избори со нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова. 

Синоќа на само неколку часа по затворање на гласачките кутии, централното седиште на партијата почна да се полни. Покрај бројните домашни и регионални медиуми, дојдоа и раководството и најгласните членови и симпатизери кои во прес салата со песна го дочекаа партискиот претседател Мицкоски.

Македонија не и припаѓа на ниту една партија, криминалот е поразен, сега следува работа без еуфорија и ароганција- изјави Мицкоски, кој е уверен дека во најбрз можен рок ќе биде формирана новата влада. Кажа дека раговарал со лидерите од албанската опозиција, а како иден мандатар остави подотворена врата и за другите партии.

-Овој народ денеска ги порази сите милевци, артановци, алиевци, кои го погазуваа сите овие години и си ја вратија повторно Македонија. Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори и порано или подоцна следува одговорност. Ние имаме намера со сите опозициски партии кои настапија на изборите да разговараме и да видиме што е тоа што би можело да е точка на поврзување.. Тоа не значи дека сите тие би биле дел од идната Влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ,- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ .

Покрај нова влада, Македонија ќе добие и прва жена претседателка. Гордана Силјановска Давкова со над 560 илјади гласови на нејзиното конто, го сруши рекордот на досега одржаните претседателски избори. На прес конференцијата рече дека е среќна што граѓаните не потклекнале на бојкотот и вети дека во иднина нејзината врата ќе биде отворена за сите.

-Мојата најголема честитка е до граѓаните, искрено си се прашувам со што ја заслужив оваа чест? Јас знам дека се подготвував, се посветив на кампањата и го зборував тоа што го мислам, но наградата е непроценлива за мене. Граѓаните покажаа граѓански имунитет, отпорност на притисоците. Да повикувате на бојкот е партиски политички притисок,- Гордана Силјановска Давкова .

Ден по изборите, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека резултатите ја покажале волјата на народот. Да се испратат во опозиција СДСМ и ДУИ, да има одговорност и да се реформираат, изјави потпретседателот на партијата Муцунски.

-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција,- Тимчо Муцунски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот врв веќе одржал и состанок на кој ги поставиле контурите за градење на идната коалиција. Отаму соопштија дека во фокусот ќе бидат луѓето, економски силна држава преку реформи за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата, реализација на стратешкиот интерес за евроинтеграции преку дијалог и принципи..

Наѓ: Унгарија се стреми да биде логистички центар за трговија меѓу Кина и Европа

Кина минатата година беше најважниот трговски партнер на Унгарија надвор од Европа, објави унгарскиот весник „Хирадо“ по повод посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Будимпешта.

Според унгарската влада, фактот што КАТЛ (CATL) тука ја основа својата втора европска фабрика за батерии, а БИД (BID), најголемиот светски производител на електрични автомобили, исто така ја избра Унгарија како локација на својата прва европска фабрика, е показател за довербата на кинеските компании во Унгарија. Изградбата на кинеската фабрика БИД во Сегед е во тек.

-Во Унгарија во моментов успешно работат 380 кинески компании, наведува весникот. Една од нив е фабрика во Будимпешта која произведува додатоци во исхраната.

Според министерот за национална економија, Мартон Наѓ, Унгарија има потреба од добри односи со Кина за да ја зголеми конкурентноста.

-Кина игра сè поважна улога во светската економија. Унгарската влада има за цел да ја направи нашата земја комерцијален и логистички центар за трговија меѓу Кина и Европа. Тоа треба да биде место за средба на источниот и западниот свет, како и на капиталот и високата технологија, рече Наѓ.

Тој изјави дека еден од најважните чекори во ова е реконструкција на железничката линија Будимпешта-Белград.

-Оваа рута ќе обезбеди најбрз транспорт до Западна Европа за стоките што пристигнуваат од Кина до грчките пристаништа преку Унгарија, истакна Наѓ.

Си отпатува за Унгарија по посетата на Србија на 7 и 8 мај, како дел од европската турнеја каде ја посети и Франција.

Норис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона

Формула 1 тимот Мекларен ќе може да атакува на титулата следната сезона, изјави денеска тимскиот возач Ландо Норис, кој минатиот викенд победи на трката за ГН на САД во Мајами.

Тоа беше прва победа за Мекларен од 2021 година, кога Даниел Рикардо и Норис завршија на првите две места во Монца.

Мекларен е најуспешен тим во историјата на Ф1 според бројот на победи, но нема освоено титула од 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.

Одговорајќи на новинарско прашање, дали Мекларен може да се бори за титулите во поединечна и конкуренција на конструктори, Норис рече дека апсолутно е убеден во тоа.

„100%. И на почетокот на годината реков дека можеме да победиме. Сакам да верувам и потребна ми е таа самодоверба за следната година кога ќе можеме да го направиме следниот чекор“, рече Норис.

притисни ентер