Гламурот и престижот околу „Савана“ мачките

„Савана“ мачките се хибрид меѓу домашна мачка и африканската дива мачка „Сервал“. Овој тип мачки меѓу одгледувачите стана популарен во доцните 90-ти, а во 2001 година Меѓународната асоцијација на одгледувачи на мачки ги призна како нова раса мачки.

Инаку, вакви мачки како домашни миленици најчесто поседуваат богати луѓе и за нив се симбол на престиж. Мачките „Савана“ се љубопитни, весели и многу интелигентни. Долгото, витко тело со различни бои и нијанси на кафена, златна и сива, како и егзотичниот изглед на очите во облик на „бумеранг“, ја прават оваа мачка - најскапата на светот.

Ваква мачка, имено, чини од 1.000 до 20.000 долари.

„Савана“ мачката брзо се врзува за семејството и со малку труд може да научи разни „трикови“... Важи за питомо животно, кое сака повеќе вода.

За да може да се добие ваква мачка, со вкрстување два различни вида, не е ниту лесно, ниту евтино. Затоа овие мачки се исклучително ретки и скапи, па и чувањето такво милениче е своевиден статусен симбол.

ПОЦ: За седум дена санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

За седум дена санкционирани се 191 возачи, чии возила го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. 

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 13 мај до 19 мај 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин. 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во врска со смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други ирански функционери и членови на екипажот во хеликоптерска несреќа.

Путин изјави дека смртта на Раиси е „огромна трагедија“ што го снајде народот на Исламската Република Иран, додавајќи дека Раиси бил исклучителен политичар кој целиот свој живот го посветил на служење на својата земја и „вистински пријател на Русија“, пренесува Интерфакс.

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин.

Емирот на Катар испрати порака за солидарност до Иран

 Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани испрати „искрено сочувство“ до Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Аболахиан.

Во изјавата објавена на X, катарскиот емир напиша дека бара Божја „милост и прошка“ за сите што загинаа во хеликоптерската несреќа.

Шеикот Тамим исто така им посака „трпеливост и утеха“ на семејствата на загинатите.

„Ние му припаѓаме на Алах и кај него ќе се вратиме“, додаде тој.

притисни ентер