Исклучот од овој закон ќе бидат само оние граѓани кои децидно ќе се изјаснат дека не сакаат да бидат донатори .

Законот беше изгласан со тесно мнозинство во Горниот дом на парламентот , додека истиот предлог закон лани беше усвоен во Долниот дом со само еден глас разлика.

Сенаторката Пија Дијкстра објасни дека законот е сличен на оние во Белгија и во Шпанија и дека секој граѓанин над 18 годишна возраст , кој не е регистриран како  донатор , ќе добие писмо во  кое ќе треба да се изјасни да ги донира своите органи по смртта  .

Оние кои нема да се изјаснат ќе бидат автоматски сметани за донатори , се додека не одговорат дека имаат причина потади која би биле избришани од регистерот . 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 19:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар