Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборната единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Чучер Сандер порача дека на 8ми мај победува мнозинска Македонија.

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”, рече Спасовски пред граѓаните на Чучер Сандево.

„Пораката е примена, слушната, тоа е дека единствената вредност во државата е секогаш да бидете рамо до рамо со својот народ. Ние сме тука, посветени заедно за отворање на перспективите на државата. Имаме два кандидата со два концепти застапувани во периодов. Сметам дека треба да се концентрираме да обезбедиме победа за Стево Пендаровски во наредниот период, човек кој може цврсто да стои и да го држи кормилото на Македонија. Не ни личи нам да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да се сруши режимот”, истакна Спасовски

„Изборите се нова можност, поддржувачите на СДСМ и коалицијата да бидеме активни, да разговараме со секој еден граѓанин и да ја бараме поддршката, да се извиниме за грешките, да си кажеме за пропустите, да се ветиме тоа што може реално да оствариме. Сето она што беше потреба во 2016 и 2020 е целосно реализирано, што беше директно од дискусијата со граѓаните. И оваа програма се заснова на реални основи кои значат подобар животен стандард за секој, програма која ги третира еднакво сите”, рече Спасовски, потенцирајќи ја одговорноста кон идеалите во однос овие избори.

„Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напушптиме идеалите на нашите предци, оние кои се темелите на македонската современа држава. И точно е дека оваа држава е створена на телемите на Народноослободителна борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ државата напредува.

„Само СДСМ кога е власт државата напредува, се поместува од место, се остваруваат идеалите и наштие стратеѓки интетеси. Верувам дека со многу енергија и посветеност, да оствариме националниот интерес, да биде дел од европското семејство, да ги донесеме европските вредности во институции, со реформи кои значат подобри услови за животи, подобра инфраструктура, подобро земјоделие, подобри меѓучовечки односи. Ние мора да ја добиеме најважната битка против криминалот и корупцијата токму преку тие европски вредности”, рече Спасовски. Притоа, тој упати повик до граѓаните масовно да се заокружи бројот 1 на 8ми мај.

„Ова е мотивација за сите нас, од денеска до 8 мај нема застанување, да ги споделиме нашите видувања за иднината низ разговор со граѓаните, бидејќи не смееме да се откажеме од инднината. Масовно на 8 мај за бројот 1!”, заврши Спасовски со своето обраќање пред граѓаните на Чучер Сандево.

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот.

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање

Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа.

Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.

Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа.

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

УХМР: Период на променливо и нестабилно време

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

притисни ентер