Ангела Меркел процесот за преговори за Брегзит го спореди со договарањето на трговски договор.

Таа на конференцијата за семејни компании изјави дека Британија “ќе ја плати цената“ на напуштањето на Унијата доколку не дозволи слободно движење на граѓаните на ЕУ.

„Ќе видиме како тоа ќе го постигнеме“ – изјави Меркел.

Таа изјава беше во склад со претходните коментари кои најавија поостри тонови од Берлин за Брегзит.

Меркел додаде дека Британија кога ќе ја напушти ЕУ ќе може да усвои сопствени стандарди за заштита на животната средина и заштита на потрошувачите.

Почетокот на преговорите за излез на Британија од ЕУ се очекува следниот месец.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 19:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар