Актуелната светска шампионка во спуст ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на денешниот тренинг на Австриските Алпи., соопшти штабот на Словенката.
- Во оваа фаза се чини дека Илка Штухец ќе го пропушти поголемиот дел, а можеби и целата сезона, вклучувајќи ја и Зимската Олимпијада во Пјоннџанг, рече портпаролот на натпреварувачката Тилен Ламут.
Сезоната во алпско скијање стартува следниот викенд во Золден, Австрија.

Датум на објава: недела, 22 октомври 2017 во 21:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар