Партиите ги исцртуваат црвените линии за можно коалицирање

На само три дена по првиот круг од претседателските избори партиите веќе ги кројат можните комбинаторики за постиборно коалицирање. 

Митинзите станаа мегдан за јавни повици и пораки кој е добредојден, а кој не за евентуално коалицирање по изборите. Мицкоски преферира коалиција со ВРЕДИ, а откако претходно на обеднување ги повика и помалите опизициски партии, синоќа од Кавадарци порача дека правилото за колаицирање победник со победник повеќе не важи. ДУИ и ВРЕДИ пак не остапуваат од условите за промена на Уставот. А црвените линии за идно колицирање веќе ги исцрта и Димитреивски од ЗНАМ кој исклучува можност за коалиција со СДСМ или коалиција во која би партципирала и ДУИ. Ковачески пак синоќа од Центар порача дека десничарска партија на власт – ќе значи крај на европската перспектива на државата и на добрите меѓуетнички односи.

Анализирајќи ги досегашните изјави на политичките лидери и под услов изборните резултати од првиот круг од престедедателските се пресликаат и на парламентарните, според Благојче Атанасовски извесно е дека по 8-мај ќе има опозициона коалиција. Кој ќе биде дел од неа и дали преговорите ќе течат лесно, според него ќе зависи пред се од ставовите за уставните измени.

Иако сите партии ја отфрлаат можноста за бојкот на вториот круг од претседателските избори, Атанасовски не исклучува тивок или отворен бојкот од ДУИ со цел да се спасат од опозција. Доколку не се постигне цензузот од 40 проценти излезност во Вториот круг, Атанасовски предупедува дека земјава ќе влезе во уставно-правна политичка криза.

Во меѓувреме ДИК увои еден пригвоор за постапката за гласање во Липково, а до 19 часот ги очекува и евентуалните приговори за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг престедателски избори.

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел.

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа.

Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради данок

Шпанскиот суд денеска ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.

Шакира се согласила на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона поради наводите дека не ѝ платила на Шпанија данок на доход од 14,5 милиони евра од 2012 до 2014 година.

Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на тужителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ кога ја подготвувала нејзината даночна пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разводот се преселила во Мајами.

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ, семејството нема пари за скапата терапија

Сања Живановиќ апелира за помош, откако се разболела од инфламаторна болест и подолго време била хоспитализирана.

Семејството на младата Сања апалира до сите хумани луѓе да ѝ помогнат за набавка на скапата терапија . Да ѝ помогнеме на Сања да си ја врати насмевката.

притисни ентер