Крвна одмазда во кафуле во Белгија: Изрешетан Албанец додека пиел кафе

Албанскиот државјанин Агустин Каза (44) бил застрелан во Белгија додека седел и пиел кафе во кафуле.

Три куршуми го погодиле во градите, додека еден завршил во неговата глава. Агустин бил застрелан од непознато лице, кое по злосторството избегало од местото.

Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, каде по неколку дена во кома им подлегнал на повредите.

Белгиската полиција покрена истрага за ова убиство.

Во оваа фаза од истрагата, се верува дека мотивот е крвна одмазда за убиството извршено пред повеќе од 20 години од страна на братот на Агустин.

На 7 јануари 1994 година бил убиен шефот на криминалната група Ндуе Каза.

Наводно, тој бил застрелан среде град од Дод и Аугустин Џини, кои избегале по злосторството.

Во 1997 година, братот на Агустин, Мартин Каза, како одмазда во градот Лача ги убил браќата Дод и Аугустин, кои биле осомничени за убиство на неговиот брат во 1994 година.

Мартин Каза е осуден на 22 години затвор за убиство со умисла и недозволено носење оружје.

Каза бил уапсен во Лондон и екстрадиран во Албанија во 2017 година, каде се уште ја отслужува казната.

Иако е во затвор, крвната одмазда меѓу семејствата не престанува.

По неколку години, кога се чинеше дека ситуацијата се смирила, во Брисел е убиен братот на Мартин, Агустин.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер