Метју Меконахи тврди дека децата се најзаслужни за неговата успешна кариера (ФОТО)

Метју Меконахи тврди дека татковството позитивно влијаело на неговата кариера.

Во интервју за магазинот People, тој откри како тоа што станал татко му помогнало да стане подобар актер и раскажувач.

"Знам дека моите деца ме направија подобар уметник и актер. Децата секогаш првпат ги гледаат работите. Нивните прашања се невини. Се враќам дома од работа и моето четиригодишно дете ме прашува што правев денес. Така јас станете подобар раскажувач бидејќи не можам да кажам за што всушност се работи, не е соодветно за возраста“, рече тој.

Децата го инспирирале да истражува нови проекти. Тој вели дека откако станал татко, сфатил дека никогаш не работел на шоу или филм што е соодветен за деца или фокусиран на нив.

"Кога ќе станете родител, што гледате? Најмногу тоа што гледаат вашите деца. Така сфатив дека никогаш не сум бил дел од анимиран филм и обожавам да го позајмувам гласот", додал Меконахи.

Така, во 2016 година прифати улога во анимираниот филм Sing, по што следуваше продолжение во 2021 година.

„Тоа е нешто што го направив за децата и за детето во сите нас“, заклучил тој.

Четворица американски полицајци убиени при апсење осуден криминалец во Шарлот

Четворица полицајци се убиени, а четворица се ранети во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина.

Началникот на полицијата во шарлот рече дека тројцата убиени полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции.

Полицајците биле застрелани додека се обиделе да приведат осуден криминалец кој бил забарикадиран во куќа. Престрелката траела три часа, а еден од осомничените бил пронајден мртов во дворот. Уште две лица се осомничени за нападот, кој се смета за еден од најсмртоносните врз американската полиција во последните децении..

Камениот мост во Скопје целосно запуштен од институциите

Камениот мост – наместо симбол на Скопје, тоне во агонија. 

Поранешниот грациозен поглед, сега е обраснат со гранки и секаква вегетација. Сводовите се посебна приказна, несовесните и натаму си ги користат како тоалети од каде се шири непријатна миризба, засилена од топлото време, некои ја изразуваат и својата „уметност“ на нив, а од страната на „чаршијата“ се користат и како паркинзи.

На целиот поразителен амбиент се додава и „живата музика“ што е распространета по Камениот мост, па чувството е повеќе како да пешачите во некоја земја од третиот свет, наместо среде Европа во Скопје.

Барем попладнево, најмногу од оние кои го преминаа Вардар преку овој мост беа туристи кои велат, дека ваквите објекти во нивните држави се третираат како светост.

Скопјани велат дека ваквата ситуација покажува и на негрижата на иснтитуциите, но и на несовесноста на граѓаните.

Се изгуби и вечерната магија на камени мост која ја даваше осветлувањето, бидејќи голем дел од светилките не работат. Град Скопје распиша и тендер за илуминација, но истиот заглави во институциите.

Од конзерваторскиот центар велат дека не може да се дозволи секој да работи на објект од толку големо значење, а избраната фирма, не поседува проектант со законски определената лиценца.

Што се однесува до грижата и состојбата на Камени мост, од конзерваторски велат имаат ингеренции само да направат увид и да ги известат надлежните инспектори, уверуваат, дека состјбата е единствено во надлежност на градот.

Одговор на прашањата побаравме и од Град Скопје, најавија одговори кои не пристигнаа до подготовката на прилогот.

Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата.

Француските власти денеска им презентираа предлози на либанските власти со цел да се намалат тензиите меѓу Израел и проиранската милитантна група Хезболах, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, додавајќи дека официјален Париз се обидува да посредува меѓу конфликтните страни.

„Имавме неколку предлози до либанската страна. Имаме околу 20.000 Французи во Либан за кои војната во 2006 година беше особено драматична, меѓу другото, и затоа соработуваме со Либан“, рече Сежурне во пресрет на состанокот во Ерусалим со израелскиот министерот за надворешни работи Израел Кац.

Сежурне рече дека основата на францускиот предлог е да се обезбеди спроведување на резолуцијата 1701 на ОН. Хезболах рече дека нема да влезе во конкретни разговори додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната меѓу Израел и Хамас влезе во седмиот месец.

Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата. /МИА

притисни ентер