Мајкл Џордан не можеше да ги задржи солзите додека отвораше клиника во својот роден град(ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан отвори клиника во родниот град Вилмингтон, Северна Каролина, а за време на својот говор не можеше да ги задржи солзите.

Џордан донираше 10 милиони долари на организацијата „Novant Health“ со што овозможи отворање на две дополнителни клиники во Шарлот.

Клиниката ќе биде достапна за физички лица кои не се осигурени, како и за лица со лоша финансиска состојба.

Најдобриот кошаркар на сите времиња е познат како голем хуманитарец, а неговото богатство се проценува на околу три милијарди долари.

– Уверен сум дека новата клиника ќе има позитивно влијание врз поединци и семејства низ Вилмингтон – рече Џордан, по што заплака.


Одложено отворањето на центрите за мигранти во Албанија, требаше да проработат денеска

Одложено е отворањето на  Центрите за мигранти во албанското пристаниште Шенѓин и поранешната, сега напуштена воена база Ѓадер. Двата објекта во округот Лежа требаше да бидат отворени денеска.

Сандер Мараши, директор на пристаништето во Шенѓин, кусо изјави дека причина за тоа е што во пристаништето „продолжува изградбата на прифатниот центар“.

Според албанските медиуми, минатата недела новинската агенција АНСА објавила дека отворањето на центрите ќе биде одложено поради градежните работи што во моментов ги изведуваат италијански компании.

- Инженерите на италијанската армија, кои работат во Шенѓин и Ѓадр, според договорот меѓу Рим и Тирана, сè уште не ја завршиле изградбата на прифатните центри, пренесе оваа италијанска агенција.

Медиумите наведуваат дека на почетокот на месецов, само мал број монтажни блокови биле поставени во центарот во пристаништето Шенѓин, што ќе биде првиот прифатен пункт.

-Кога ќе биде завршен, центарот ќе биде 4.000 квадратни метри опкружен со метални ѕидови високи четири метри. Мигрантите тука ќе бидат евидентирани, ќе им биде направена првична здравствена проверка и ќе се прибираат барања за азил. Потоа ќе бидат испратени во Ѓадр, на околу 20 километри од пристаништето, каде ќе чекаат одговор на барањата за азил или евентуална репатријација, теоретски најмногу 28 дена. Двата центри, кои ќе ги финансира и управува Италија, можат да примат до 3.000 мигранти месечно, кои ќе пристигнат од Италија по морски пат, додаваат медиумите.

Се проценува дека за пет години, функционирањето на овие центри Италија ќе ја чинат од 650 милиони до 750 милиони евра.

Договорот, што на 6 ноември минатата година, во Рим го потпишаа премиерите на двете земји, Џорџа Мелони и Еди Рама, има важност од 5 години со можност за негово продолжување. Италијанскиот Сенат истиот го ратификува на 15 февруари, додека албанскиот парламент седум дена подоцна, само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија.

Тошковски во посета на системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

-Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна.

Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, изјави министерот Тошковски.

Во иднина, додаде, треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи, како што оцени, е од круцијално значење за обезбедување поволна безбедносна состојба.

Ирански имам бил жив еден час по несреќата- се обидувал да го сласи претседателот

Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси при падот на леталото во северозападниот дел на Иран, по несреќата сè уште бил жив околу еден час и се обидувал да повика помош.

Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али Ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.

„Не беа потребни ДНК тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.

Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.

притисни ентер