Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди не треба да стравуваме.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта. „ Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

Јанчев: Кавадаречката противпожарна единица го одбележа Денот на пожарникарите

Кавадаречката противпожарна единица го одбележа 20 мај денот на пожарникарите. 

„Нашите пожарникари се меѓу најподготвените во државата да одговорат на сите предизвици.“ изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во протестите во Иран ја убиле мајка ѝ – сега со музика и ја прославува смртта на имамот(ВИДЕО)

После веста за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на социјалната мрежа Х, порано Твитер, се појави снимка од Маша Пираи, ќерка на Мина Маџиди, која била убиена од иранскиот режим за време на протест.

Оваа млада девојка на својот профил сподели видео во кое пие и наздравува со својата пријателка под звуците на песната „Хеликоптер, хеликоптер“ на босанскиот пејач Фадил Фазли.

Видеото беше објавено вчера набргу по веста дека медиумите објавија дека хеликоптерот со иранскиот претседател имал проблеми со слетувањето поради густата магла и тешките временски услови.

Да потсетиме, утрово беше потврдено дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа.

Мина Маџиди (62) била убиена од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била погодена од воздушна муниција и била погодена со 167 куршуми. Мина починала на пат кон болница.

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Кавадарчанецот кој синоќа во локал му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во неговиот кабинет и лично му се извини дека се било последица на лошо пијанство во комбинација со лекарствата кои ги пиел. 

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.

притисни ентер