Ова е второ предупредување на локалната самоуправа после поплаките на гостите и контролата која утврдила низа неправилности на охридските плажи.

- Имавме забелешки околу начинот на користење на слободниот простор, кој што со концесионерскиот договор треба да го почитуваат закупците на плажите. Во делот на оние 40% - 60 % кои треба да бидат ослободени од поставување лежалки, чадори и други  реквизити а кој што треба да биде наменет за користење за посетителите на плажите, изјави Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.

Се бара од концесионерите хортикултурно да ги уредат плажите, да имаат детски паркови, тоалети, тушови, соблекувални и интернет врска. Оние кои нема да го направат тоа ќе бидат санкционирани и ќе им биде раскинат договорот.

- Ние тоа ќе го направиме тоа, доколку  било кој од концесионерите не се придржува кон овие зкаонски одредби, додава Бакрачески.  

Од вчера во Охрид се бара место повеќе, капацитетите на приватното и хотелското сместување се целосно исполнети. Градот е преплавен со домашни и странски туристи. 

Датум на објава: сабота, 03 август 2013 во 09:46
Соња Рилковска

коментари

остави коментар