Јована Трајчевска од својата прва година останала без вид. Живее во интернатот за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“’ четири години.

Таа има 11 години. Најмногу им се радува на животните. И е љубител на поезијата, има издадено книга „тајните на моето срце“.

На светскиот ден на белиот стап, таа не покани во нејзиното училиште каде имаше свеченост за 15ти октомври денот посветен на овие луѓе. Тие бараат прилагодување на улиците, тротоарите и звучната сигнализација на нивните потреби.

Во недела во пет до 12 часот на плоштадот Македонија ќе го одбележат ден, ги покануваат сите граѓани да дојдат и да се запознаат со овие луѓе.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 14:47
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 14:52

коментари

остави коментар