Но еден детаљ во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот” на македонски јазик.

Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс”, продава маици и дуксери со натписот “семоќниот”.

Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс”, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот”.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 12:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар