Јотовски, кој изминатите две седмици настапуваше на два турнира во Анталија, Турција, првиот турнир го заврши во четвртфиналето, а на вториот беше елиминиран во осминафиналната рунда.

Сепак, со  новите освоени бодови Јотовски напредуваше десет места. Така сега 28-годишниот Јотовски е рангиран на 572. место на АТП ранг-листата, на која, пак, и во конкуренција на двојки има напредок од една позиции, па сега е рангиран на 1017. место.

Датум на објава: понеделник, 27 ноември 2017 во 16:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар