Во натпревар од 5. коло кошаркарите на Блокотехна забележаа триумф на гостувањето во Бугарија кај екипата на Академик Бултекс со 86:82 по четвртини 26-19, 11-26, 25-16 и 24-21.

Американецот, Двејн Бенџамин со 31 поен беше најефикасен во редовите на гевгелиската екипа, додека Данило Мијатовиќ средбата ја заврши со 22 постигнати поени.

Со оваа победа гевгелискиот тим изби на првото место на табелата со „скор“ 4-1 (победи-порази).

Во следното коло Блокотехна е домаќини на Куманово во македонското дерби.

Кумановци, пак, утре пред својата публика ја пречекуваат екипата на Рилски спортист од Самоков. 

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 21:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар