Роналдо го доби спорот против Јувентус, ќе мора да му исплатат цело богатство

Кристијано Роналдо (39) ја доби правната битка против Јувентус поради спорот околу платата.

Јувентус ќе мора да му плати на Роналдо околу десет милиони евра плус камата, бидејќи судот пресуди за долгуваната плата. Да потсетиме, Португалецот побара од италијанскиот гигант да му исплати дури 19,9 милиони евра заостанати плати кои не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво, во 2020 година им ги намали платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.

Во тој момент Роналдо заработуваше 31 милион евра нето годишна плата и се согласи да ја намали платата на речиси 20 милиони евра додека не заврши пандемијата. Јувентус никогаш не му ги платил тие пари, па се одлучил за оваа тужба. Роналдо за Јувентус одигра 134 натпревари. Тој постигна 101 гол и забележа 22 асистенции од летото 2018 до летото 2021 година.

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено.

Нови 30 дена притвор добија двајцата осомничени за бруталното убиство на 2-годишната Данка Илиќ..

Судот во Зајечар им го продолжи притворот на 50-годишните Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради проценката дека постои опасност тие да побегнат, да влијаат врз сведоци и да уништат или отстранат траги од извршување на кривично дело, објавија српските медиуми.

Полицијата ги уапси нив под сомнение дека прво ја удриле малата Данка со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Во притвор е и таткото на еден од нив под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето..

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општините, вклучително и за Гази Габа

Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.

Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.

И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија.

Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност.

Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај.

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт.

Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе!

И Македонија останува твоја!

Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас!

Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа!

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2

притисни ентер