Премиерот му понудил државјанство на херојот од масакрот во трговскиот центар во Сиднеј (ВИДЕО)

Австралискиот премиер Ентони Албанес му понуди австралиско државјанство на Французинот Демиен Геро во знак на благодарност што му се спротивстави на напаѓачот кој уби шест лица во трговски центар во Сиднеј!

Премиерот рече дека на Геро ќе му биде дозволено да остане во Австралија поради неговото херојско дело.

Французинот е наречен „човекот-пречка“ од медиумите во Австралија, откако му застана на патот на Џоел Каучи на ескалаторот, спречувајќи го да стигне до делот од трговскиот центар каде што имало голем број деца во трговскиот центар Вестфилд. Кучи со нож уби пет жени и чувар пред да биде убиен од полицајка. Како што објави Dailymail, австралиската виза на Гароу истекува за еден месец и е покрената петиција за да му се даде австралиско државјанство.

- Имам следново да му го кажам на Демијан Геро, кој има проблеми со визата. Добредојдовте овде. Можете да останете колку што сакате. Тој е некој што би сакале да го видиме како австралиски државјанин, иако секако тоа би било загуба за Франција. Му благодариме за неговата голема храброст. Тоа кажува многу за природата на човештвото. Во тешки моменти кога некој кој не е државјанин на оваа земја храбро стои на скалите и го спречува напаѓачот да стигне до вториот кат - изјави Албанез.

Геро бил со пријател во теретана кога се случил нападот.

- Се обидовме да го фатиме напаѓачот, но тој се симна долу. Не размислувавме, бевме под адреналин. Очите на напаѓачот беа празни, како да не беше присутен - изјави Геро за австралиските медиуми.

Тој учествувал во потерата по напаѓачот заедно со полицајката Ејми Скот, која на крајот го убила монструмот.

- Таа е вистинскиот херој, не јас. Таа ја заврши работата - додаде Французинот.

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце.

Приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер да биде за нивните барања

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања.

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања.

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета.

- Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава.

На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари.

Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција.

- Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа.

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците земени во нападот врз Израел на 7 октомври.

Враќајќи се во Катар по последните разговори во Каиро, делегацијата на Хамас најави дека „ќе разговараат за идеи и предлози“.

„Сакаме да одговориме што е можно побрзо“, изјави извор од Хамас.

Египетски извори за Ал Кахера њуз, веб-страница поврзана со египетските разузнавачки служби, изјавија дека делегацијата на Хамас „ќе се врати со писмен одговор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги опиша условите на примирјето како „исклучително дарежливи“, додека Белата куќа апелираше до посредниците Египет и Катар да го засилат притисокот врз Хамас да го прифати последниот обид за ставање крај на речиси седуммесечната војна.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика египетските и катарските лидери „да вложат максимални напори за да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држи Хамас“, нарекувајќи го тоа „единствената пречка“ за обезбедување помош за цивилите во опколениот Појас Газа.

Египет, Катар и САД со месеци се обидуваат да обезбедат нов договор меѓу завојуваните страни. За време на еднонеделното примирје во ноември, 80 израелски заложници беа разменети за 240 Палестинци кои беа затворени во израелските затвори.

Израел проценува дека 129 заложници остануваат во Газа, вклучувајќи 34 за кои се верува дека се мртви.

притисни ентер