МНР: Европскиот парламент го смени називот „Северномакедонци“

Иако е спротивно на Преспанскиот договор се почесто од страна на европски челници но и институции на ЕУ се користи терминот северномакедонска, односно северномакедонски.

Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот.

- Министерството за надворешни работи на Република Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана, посочуваат од МНР.

На веб страницата на Европскиот парламент, вчера, беше објавен документ во кој се анализира евроинтегративен пат на Северна Македонија и Договорот од Преспа, а владата е наречена „северномакедонска“.

Согласно Преспанскиот договор, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции треба да биде во согласност со официјалното име на државата, „на Република С.Македонија“ односно нејзиното скратено „на С. Македонија“.

Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за 50.000 нови работни места

„Горд сум на вас! На 24 април вие избравте Македонија повторно да биде на секој еден од нас, да биде напредна земја, земја во која граѓаните ќе бидат задоволни! “

„Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ е да има подобро утре за секој еден од нас! Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од изборна единица 2“, кажа Владо Мисајловски носител на листата за пратеници во ИЕ2 од митингот во Ѓорче Петров.

Мисајловски побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но за да направиме многу реформи, поголеми пензии, 50 000 нови работни места, 5 000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и се она што го предвидуваме во програмата ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 ми мај да победиме. Да сте ми живи и здрави да победуваме“, истакна Мисајловски, се наведува во партиското соопштение.

Жена положила возачки испит од 961. обид, стана популарна во светот по упорноста (ВИДЕО)

Трета среќа, или во случајот со јужнокорејската пензионерка Ча Са-Сун, 961-ва среќа.

Оваа пензионерка ја добила возачката дозвола откако конечно го положила писмениот возачки испит на 69-годишна возраст, пренесува Asian Culture Unlocked во видео кое брзо стана вирално на YouTube, објави Телекс.

Кога конечно положи во 2010 година, таа имала 69 години и станала локално славна личност бидејќи нејзината приказна инспирирала многу луѓе кои се борат да го положат својот возачки испит. Са-сун, која сега има 80-ти години, не дозволила ништо да ја спречи и решително го полагала писмениот тест секој ден, пет дена во неделата, во рок од три години.

Тоа ја чинело милиони.

Таа паднала на секој испит, но тоа не ја спречило повторно да се појави и на крајот трудот се исплател. Иако потрошила околу 4.000 евра, на крајот ја добила возачката дозвола.

Кога конечно ги положила испитите, сите нејзини трпеливи инструктори славеле со неа.

-Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме напред и ја прегрнавме. Ѝ подаривме и цвеќе. Чувствувавме како голем товар да е тргнат од сите наши срца. Немавме храброст да ѝ кажеме да престане бидејќи таа постојано се појавуваше - изјави Парк Су-Јеон, инструкторка во автошкола.

Нејзината приказна го привлече дури и вниманието на Hyundai, кој ја награди Са-Сун со автомобил кој чинел 16.800 долари. Таа се појавила и во нивната популарна реклама.

Најскромниот претседател на светот има рак на хранопроводот: Ќе се борам додека можам

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика денеска соопшти дека по медицинскиот преглед минатата недела му бил дијагностициран рак на хранопроводот.

Мухика (88) изјави дека автоимуното заболување од кое боледува веќе 20 години создава потешкотии кога се работи за хемотерапија и дека операцијата би била ризична, но дека лекарите размислуваат за опции.

На новинарско прашање за прогнозата, Мухика рече дека не е лекар и дека не знае што да очекува, пренесува Обсервадор.

Тој нагласи дека ќе продолжи „да се бори додека може“, а ги повика младите Уругвајци својот гнев да го претворат во надеж, да се борат за љубов и да бараат помош доколку се зависници од наркотици.

„Благодарен сум и на крајот на денот никој не може да ми ги одземе убавите моменти кои ги имав“, изјави Пепе.

Во април 2021 година, тој имаше операција на хранопроводникот поради повреда од „туѓо тело“, а личниот лекар на Мухико тогаш објави дека станувало збор за рибна коска.

Лекарите по операцијата потврдија дека поранешниот претседател има чир на хранопроводникот, и дека нема повреда.

Мухика ги освои симпатиите ширум светот бидејќи за време на неговиот претседателски мандат покажа дека е скромен човек кој вози стара „буба“, поради што го доби прекарот „најскромниот претседател на светот“.

притисни ентер