Жена положила возачки испит од 961. обид, стана популарна во светот по упорноста (ВИДЕО)

Трета среќа, или во случајот со јужнокорејската пензионерка Ча Са-Сун, 961-ва среќа.

Оваа пензионерка ја добила возачката дозвола откако конечно го положила писмениот возачки испит на 69-годишна возраст, пренесува Asian Culture Unlocked во видео кое брзо стана вирално на YouTube, објави Телекс.

Кога конечно положи во 2010 година, таа имала 69 години и станала локално славна личност бидејќи нејзината приказна инспирирала многу луѓе кои се борат да го положат својот возачки испит. Са-сун, која сега има 80-ти години, не дозволила ништо да ја спречи и решително го полагала писмениот тест секој ден, пет дена во неделата, во рок од три години.

Тоа ја чинело милиони.

Таа паднала на секој испит, но тоа не ја спречило повторно да се појави и на крајот трудот се исплател. Иако потрошила околу 4.000 евра, на крајот ја добила возачката дозвола.

Кога конечно ги положила испитите, сите нејзини трпеливи инструктори славеле со неа.

-Кога конечно ја доби дозволата, сите излеговме напред и ја прегрнавме. Ѝ подаривме и цвеќе. Чувствувавме како голем товар да е тргнат од сите наши срца. Немавме храброст да ѝ кажеме да престане бидејќи таа постојано се појавуваше - изјави Парк Су-Јеон, инструкторка во автошкола.

Нејзината приказна го привлече дури и вниманието на Hyundai, кој ја награди Са-Сун со автомобил кој чинел 16.800 долари. Таа се појавила и во нивната популарна реклама.

Во највисокиот суд на ОН почнува рочиштето за израелскиот воен упат во Рафа

Во највисокиот суд на ОН денеска почнува дводневно рочиште за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Во највисокиот суд на ОН денеска почнува дводневно рочиште за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафа на југот на Појасот Газа, каде што повеќе од половина од жителите на палестинската територија се засолниле од конфликтот.

Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата (МКС) по четврти пат да нареди итни мерки откако земјата започна судење поради наводите дека воените дејствија на Израел во војната против Хамас се граничат со геноцид.

Израел тврди дека Рафа е последното упориште на екстремистичката група Хамас и ги отфрла предупредувањата од САД и другите сојузници дека голема операција во градот би била погубна за цивилите.

Јужна Африка побара од судот да му нареди на Израел да се повлече од Рафа, да преземе мерки за да обезбеди непречен пристап на службениците на ОН, хуманитарните организации и новинарите до Појасот Газа и да поднесе извештај во рок од една недела за тоа како се исполнуваат тие барања.

На претходните сослушувања, Израел негираше геноцид во Газа и тврдеше дека прави сè за да ги поштеди цивилите, а дека цели само на екстремистите на Хамас, чија тактика е да се кријат во цивилни области, што го отежнува избегнувањето на цивилни жртви.

Во јануари, судиите му наредија на Израел да стори сé што може за да спречи смрт, уништување и сите акти на геноцид во Газа, но судскиот совет не нареди прекин на воената офанзива што ја опустоши малата енклава.

Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга

Струшката полиција поднесе кривична пријава против три лица за повеќе кривиќна дела „измама“, стекнувајќи се против правно со 281.600 денари.

СВР Охрид денеска соопшти дека кривична пријава е поднесена против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип.

- Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, стои во информацијата на СВР Охрид.

На Фицо ќе му биде извршена уште една операција

Словачкиот премиер Роберт Фицо врз кого вчера беше извршен атентат во градот Хандлови, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда.

Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но тој се соочува со операција на колкот.

Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со предумисла и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.

РТВС објави дека напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра.

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но таа се уште е тешка, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Два медицински тима го оперираа словачкиот премиер пет часа.

„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, рече словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за национална безбедност, а Владата ќе одржи седница.

Министерот за внатрешни работи информираше дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки та3.

Напаѓачот пукал пет пати, по што полицијата веднаш го привела, а премиерот веднаш бил префрлен во болницата во Банска Бистрица.

притисни ентер