Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија.

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија кога попладнето на кривината Црвен камен во месноста Бреза на средина од планинскиот пат меѓу тетовските села Селце и Вејце, од припадници на терористичката паравоена формација ОНА од заседа беа нападнати, убиени, а потоа и ѕверски масакрирани осум припадници на безбедносните сили. Местото на грозомрниот масакр денеска го посетија од Достоинство, а почит оддадоа и пред споменикот на Бранителите во Скопје. Првиот човек Стојанче Ангелов очекува по конституирањето на новиот Парламент да се усвојат измените на Законот за бранителите, кој го поднеле во Собранието, со кој како што вели ќе се исправи долгогодишната неправда кон бранителите и нивните семјества.

„ Оние кои ги масакрираа и убија денеска се на слобода иако според меѓународното право воените злострствоата никогаш не застаруваат. 23 години подоцна на местото кај масакрот на Вејце се уште нема достоинствено обележје кое ќе потсетува на овој крвав настан и ќе предупредува дека е крајно неодоговорно да се разгоруваат меѓуетничката нетрпеливост и омраза како тоа што го направи Али Ахмети на митингот на ДУИ во Скопје заканувајќи му се на лидерот на опозицијата извикувајќи УЧК. “-Стојанче Антелов – Достоинство.

Почит кон споменот на загинатите бранители во ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година на денешното честување во Битола оддаде и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој порача дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Откако во октомври лани со владина одлука министерството за одбрана ја доби надлежноста за местата на кои загинале македонските бранители, од Министерството во одговор за Канал 5 информираат дека до крајот на месец мај очекуваат да заврши процедурата за доделување на локациите за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце, по што ќе се објави огласот за идејно решение и изработка за што се предвидени средства во планот за јавни набавки.

Во меѓувреме, во центарот на Куманово е откриен мурал со кој се оддава почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

притисни ентер