Јакимовски: Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ

ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови која не ги лаже македонскиот народ и граѓаните!

- За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија. Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и тсануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас сум многу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“. Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат во Уставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но ова повеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сака спротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение кое кажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаат усогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ. Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоа што граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ и на Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваа држава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро за Македонија“ и ГРОМ! - нагласи Јакимовски.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер