Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Специјализантите остануваат во фокус на СДСМ и во следниот мандат што ќе го добиеме бидејќи граѓаните ја препознаваат нашата посветеност за системско решавање на клучните прашања за здравствениот систем. 

Наша цел ќе биде зајакнување на главниот столб на кој се темели иднината на македонското здравство, а тоа е задржување на младите лекари и специјалисти во земјава. Тоа ќе го постигнеме преку зголемување на платите за специјализантите и преку создавање на повеќе специјалисти што ќе останат во македонското здравство.

Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари.

Исто така, нашата цел е да создадеме 1.000 нови специјализанти за четири години.

Покрај тоа, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација и ја укинуваме партиципацијата за студирање. СДСМ и во минатото докажа дека работи на приближување на системот на здравствена заштита во земјава до здравството во земјите членки на ЕУ.

За потсетување, во изминатиот период, одобривме рекордни 931 специјализација и 130 супспецијализации.

СДСМ ќе продолжи да вложува и во другиот медицински кадар.

Планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти ќе имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари.

Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Во изминатите години рекордно ги зголемивме платите во здравството. Основната плата на специјалистите ја зголемивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20% и 23%, а на здравствените соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници и за првпат обезбедивме исплата на плати за приватните специјализанти во висина од просечната плата на општ лекар.

Венко Филипче

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Тејлор Свифт нема да се појави на престижната Мет Гала, позната е причината

Тејлор Свифт не доаѓа на Мет Гала, која се одржува на 6 мај, потврдија за магазинот People.

И покрај информациите дека ќе биде на Мет Гала, поп-ѕвездата сака да се фокусира на својата претстојна европска турнеја. Нејзиниот фокус се пробите и подготовките за турнејата, која започнува на 9 мај во Париз, а потоа се шири во остатокот од Европа во текот на пролетта и летото.

Свифт веќе шест пати присуствувала на престижниот моден настан.

Овој месец Тејлор го издаде албумот Tortured Poets Department, кој веднаш стана апсолутен хит. Нејзиниот албум доби милијарда слушања на Spotify за само една недела.

За потсетување, зад Мет Гала стои Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американскиот магазин Вог. Секоја година бројни познати личности се собираат и шетаат на црвениот тепих на музејот Метрополитен во Њујорк, а фокусот секогаш е на нивните креации.

Ковачевски: Условувања не прифаќаме СДСМ е државничка партија со силни корени

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник .

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

Ковачевски нагласи дека ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек - партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.

Ние не се откажуваме од Македонија во ЕУ! Верувајте, тоа не е цел сама за себе! Не се откажуваме од ЕУ затоа што знаеме дека тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

САД планираат да воведат забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден има намера да воведе забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија, користејќи ги извршните овластувања на шефот на Белата куќа.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден има намера да воведе забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија, користејќи ги извршните овластувања на шефот на Белата куќа, откако дојде до ќорсокак во усвојувањето на овој закон во американскиот Конгрес.

Како што објави Блумберг, законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија беше усвоен во Претставничкиот дом на САД во декември.

Сепак, тогаш дојде до ќорсокак во Сенатот, каде демократите имаат мнозинство. Белата куќа сака забраната да биде усвоена како дел од воведувањето санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Советот за национална безбедност и претставниците на Министерството за енергетика разговараа за забраната што ќе вклучува откажување од дозволата за увоз на гориво до 2028 година.

Извршната наредба на претседателот Бајден има речиси иста моќ како федералниот закон. Конгресот не може директно да го поништи, но може да донесе нов закон со кој ќе се поништи наредбата на претседателот. Американската агенција пренесува дека сè уште не е донесена конечна одлука за ова прашање, истакнувајќи дека администрацијата на Бајден и нуклеарната индустрија би сакале ова прашање да се реши на ниво на Конгресот.

Русија е најголемиот американски странски снабдувач со збогатен ураниум, обезбедувајќи речиси 25 отсто од горивото што се користи во американските реактори. Официјалните статистички податоци покажуваат дека САД минатата година увезле руски ураниум во вредност од 1,2 милијарди долари, што е најмногу регистрирано досега, со годишната вредност на пратките на ураниум зголемена за 43 отсто.

Белата куќа го гледа развојот на домашните капацитети за збогатување ураниум како прашање на националната безбедност. Претходно оваа година, Конгресот одобри 2,7 милијарди долари за таа цел, а администрацијата на Бајден повика на долгорочна забрана за увоз од Русија.

САД имаат свои наоѓалишта на ураниум, но тие не се доволни за снабдување на нуклеарниот енергетски сектор во земјата. Во меѓувреме, Русија е дом на најголемиот светски комплекс за збогатување ураниум, кој сочинува речиси половина од глобалниот капацитет.

притисни ентер