45 болни и изменоштени, пет лица кои се во затвор и две во старските домови денеска можат да го искористат своето право на глас на прегласувањето во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, каде беа регистрирани низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај. Главниот дел на прегласувањето е утре, кога своето демократско право на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино ќе можат да го остварат вкупно 4521 лице. Од ДИК соопштија дека се целосно подготвени за прегласувањето на овие избирачки места каде именувани се нови претседатели и членови на избирачките одбори, откако комисијата ги разреши претходните.
„ ДИК е подготвена да се спроведат изборите како денеска, така утре, дистриубиран е доверливиот изборен материјал во текот на денешниот ден се дистрибнуираат уредите за биометриска идентификација на гласачите подготвнеи се и општинските изборни комисии и избирачките одбори за законито и регуларно спроведување на гласањето, “-Радица Тодоровска Алексовска – Портпаролка на ДИК.
Од МВР очекуваат и утрешното прегласување да помине во мирна и демократска атмосфера и апелираат доколку биде забележан било каков проблем или нерегуларност граѓаните да пријават во полиција.
„ Она што се покажа во двата изборни круга имавме мирни избори и се надеваме дека така ќе биде утре, но доколку има било каков проблем, инциденти или нарушување на гласањето да пријават граѓаните на 192, 112 или најблиската полициска станица.Апелираме до сите учесници ов изнорниот процес и граѓаните утре да имаме мирни избори како што имавме во првите два круга.“- Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.
Во меѓувреме, во ДИК се одржа јавна седница на која се доделија Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати од изборите на 8-ми мај.