Денеска предизборен молк, утре се прегласува на седум избирачки места

45 болни и изменоштени, пет лица кои се во затвор и две во старските домови денеска можат да го искористат своето право на глас на прегласувањето во седум избирачки места во петтата  и шестата изборна единица.

45 болни и изменоштени, пет лица кои се во затвор и две во старските домови денеска можат да го искористат своето право на глас на прегласувањето во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, каде беа регистрирани низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај. Главниот дел на прегласувањето е утре, кога своето демократско право на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино ќе можат да го остварат вкупно 4521 лице. Од ДИК соопштија дека се целосно подготвени за прегласувањето на овие избирачки места каде именувани се нови претседатели и членови на избирачките одбори, откако комисијата ги разреши претходните.

„ ДИК е подготвена да се спроведат изборите како денеска, така утре, дистриубиран е доверливиот изборен материјал во текот на денешниот ден се дистрибнуираат уредите за биометриска идентификација на гласачите подготвнеи се и општинските изборни комисии и избирачките одбори за законито и регуларно спроведување на гласањето, “-Радица Тодоровска Алексовска – Портпаролка на ДИК.

Од МВР очекуваат и утрешното прегласување да помине во мирна и демократска атмосфера и апелираат доколку биде забележан било каков проблем или нерегуларност граѓаните да пријават во полиција.

„ Она што се покажа во двата изборни круга имавме мирни избори и се надеваме дека така ќе биде утре, но доколку има било каков проблем, инциденти или нарушување на гласањето да пријават граѓаните на 192, 112 или најблиската полициска станица.Апелираме до сите учесници ов изнорниот процес и граѓаните утре да имаме мирни избори како што имавме во првите два круга.“- Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Во меѓувреме, во ДИК се одржа јавна седница на која се доделија Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати од изборите на 8-ми мај.

БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1.2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

Во поплавите во Германија се удавила 43-годишна жена, Шолц го посети поплавеното подрачје

Телото на 43-годишна жена денеска го пронајдоа спасувачите во подрум од куќа во градот Шробенхаузен, во Горна Баварија, регион што е зафатен од големи поплави.

Потрагата по жената траеше од вчера, а таа е втора жртва на поплавите откако во неделата во градот Пфафенхофен ан дер Илм загина пожарникар, пренесува Тагешау.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги посети поплавените подрачја во Горна Баварија заедно со министерката за надворешни работи Ненси Фезер и баварскиот премиер Маркус Зедер.

Дојче бан претходно денеска соопшти дека железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин. Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања.

Во југозападниот округ Шварцвалд-Баар се активирани неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку лица се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.

Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и Лудвигсбург, поради поплави затворени се градинките и училиштата.

Во ноќта меѓу саботата и неделата загина пожарникар за време на спасувачка операција во поплавениот град Пфафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца свои колеги./МИА

Медиуми: Мурињо го носи Дибала во Фенербахче

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, сака да го донесе Пауло Дибала во турскиот клуб и со тоа повторно да соработува со аргентинскиот напаѓач.

Според пишувањата во денешниот турски печат, Мурињо побарал од раководството на неговиот нов тим да се обиде да го ангажира Дибала во претстојниот летен преоден рок.

Дибала и Мурињо соработуваа во Рома пред Мурињо да добие отказ во јануари.

По топлото добредојде од навивачите на Фенербахче на преполниот стадион, Мурињо се сретна со раководството на клубот за да ги достави своите први барања на летниот трансфер пазар и Дибала е едно од имињата на списокот, пишуваат турските весници.

притисни ентер