Женкар

Ексклузивно на Канал 5 од понеделник до петок во 22.30

Серија базирана според вистинска приказна за највлијателната антепска фамилија – Корхан

Халис Корхан е сопственик на голема империја за накит и глава на семејството Корхан. И покрај тоа што неговиот син Орхан и најстариот внук Фуат го водат најголемиот дел од бизнисот, тој сепак ги носи најважните одлуки.

Неговиот помлад внук Ферит е неодговорен млад ерген, проблематичен за угледот на познатата еснафска фамилија.

За да се заштити од скандали и озборувања – ќе одлучи да го ожени со девојка од родниот крај.

Веста дека Халис Корхан бара невеста за својот внук ќе дојде како гром од ведро небо во конакот на Ќазим ага во Газиантеп. Единствената надеж на Ќазим да се збогати се неговите прекрасни ќерки Суна и Сејран. Откако Корханови се одлучуваат за постарата ќерка, семејството оди во Газиантеп за да ја побараат раката на Суна. Пред церемонијата, Ферит и Сејран случајно се среќаваат во една антепска продавница што ќе биде пресудно за пресвртот што следува..

Животот на двете сестри засекогаш се менува кога Ферит ќе се омажи за Сејран наместо за Суна. Сејран ќе биде новата невеста во семејството полно со предавства, лаги и тајни. Додека Суна ќе почне да прави планови за одмазда за да си ја врати украдената иднина!

Не ја пропуштајте серијата која за краток период привлече голем број обожаватели, стана феномен на социјалните мрежи и ги руши сите рекорди на гледаност.

Приказната за златното момче – наследник на големо богатсво секој работен ден од 22.30 на Канал 5!

Кралот Чарлс нема да оствари средба со синот Хари поради презафатеност!?

Принцот Хари нема да го види својот татко, кралот Чарлс, за време на неговата посета на Велика Британија за Игрите „Invictus“, бидејќи кралот ќе биде премногу зафатен, изјави портпаролот на Хари.

Во среда, 39-годишниот Хари ќе ја прослави десетгодишнината од меѓународниот спортски настан „Invictus Games“, кој го основал, во лондонската катедрала Свети Павле, кој е мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани.

- Како одговор на бројните прашања и шпекулации дали војводата ќе се сретне со својот татко за време на неговата посета на Обединетото Кралство оваа недела, за жал тоа нема да биде. Војводата од Сасекс разбира дека неговиот татко има обврски и разни други приоритети и се надева дека наскоро ќе го види - изјави портпаролот на принцот Хари.

Укранските сили собориле 17 дрона упатени кон регионот на Одеса

Ноќта на 9 мај, непријателот нападна од Чауд - Крим со 20 дронови, објави на апликацијата Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

Седумнаесет беспилотни летала беа соборени во регионот Одеса од единици на украинските воздухопловни сили, информира командантот.

Иран осуди познат ирански режисер на камшикување и осум години затвор

Судот во Иран го осуди познатиот филмски режисер Мохамед Расулоф на осум години затвор и камшикување за злосторства против националната безбедност, изјави неговиот адвокат Бабак Пакнија.

Тој рече дека судот утврдил дека филмовите и документарците на Расулоф се „примери за заговор со намера да се изврши злосторство против безбедноста на земјата“.

„Судот, исто така, изрече неодредена парична казна и нареди заплена на имотот на Расулоф“, додаде Пакнија.

Расулоф ја доби Златната мечка за 2020 година за најдобар филм на Берлинале за „Не постои зло“, а неговиот филм „Човек со интегритет“ доби признание во Кан во 2017 година. Најновото дело на писателот и режисер, „Семето на светата смоква“, треба да биде премиерно прикажано следната недела на Канскиот филмски фестивал во Франција, пишува Си-Ен-Ен.

Непосредно пред прикажувањето на новиот филм, иранските власти испрашувале некои актери и им забраниле да ја напуштат земјата, а на Расулоф му рекле да го повлече филмот од фестивалот, тврди Пакнија.

Во 2022 година, иранскиот суд го осуди Расулоф на една година затвор и му забрани да снима филмови на две години, бидејќи, како што се наведува, вршел пропаганда против системот.

Иранската асоцијација на независни режисери ја критикуваше најновата казна и истакна дека „независните кинематографери ја осудуваат неважечката пресуда против Мохамад Расулоф и стојат покрај него и сите уметници кои се потсмеваат на цензурата на владата“.

притисни ентер