Во Кумровец одекнаа сирените во 15.05 часот во чест на Тито

Со звукот на сирените во 15 часот и 5 минути и со полагање венци и палење свеќи денеска во Кумровац беше одбележана 44-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито.

Бројни делегации, меѓу кои и оние од општина Кумровец, Здружението на друштвата Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) на Република Хрватска и Крапино-загорската жупанија, предводени од префектот Жељко Колар, положија венци до споменикот пред родното место на Тито, објави Индекс.

Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин рече дека мисли оти Загорје и Хрватска имаат човек со кого можат да се гордеат.

„Тито беше пред сѐ револуционер, човек кој го крена народот на сенародно вооружено востание против окупаторите, но и против нивните слуги, локални квислинзи од сите бои, во Словенија од белогардеците, усташките, четниците и така натаму. Како војсководец успешно ја водеше народноослободителната борба до конечната победа над антифашизмот на нашите простори“, рече Хабулин.

Тој, исто така, потсети дека Тито беше креаторот на Движењето на неврзаните, кое одигра значајна улога во смирувањето на тензиите за време на Студената војна меѓу источниот и западниот блок. „Тие ги обезбедија условите за релаксација, мир и стабилност во светот. Така, тоа беше Јосип Броз и затоа сме денес овде“, заклучи Хабулин.

Префектот Колар рече дека овој пат и на својот Загорец му оддаваат едноминутно молчење „за она што го направи добро во животот и остави белег во историјата“.

„Победник во Втората светска војна, војсководец, јасно и одлучно „не“ на Сталин во 1948 година, Уставот во 1974 година кој ѝ овозможи на Хрватска да има правна основа да прогласи независна државност, за жал стекната со крв благодарение на нашите хрватски ветерани. Доста за еден живот, за еден човек, огромна работа“, нагласи Колар.

Првиот човек на општина Кумровец Роберт Шплајт рече дека овојпат општината организирала богата програма за одбележување на годишнината од смртта на Тито. „Луѓето доаѓаат овде во Кумровец да се потсетат на старите времиња, на историјата што е зад нас, а не да ја идеализираат и да направат приказна за поранешната држава и да ги вратат духовите од минатото“, рече Шплајт.

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

притисни ентер