Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, сега државен секретар за надворешни работи во Владата на премиерот Риши Сунак, во средината на идната недела се очекува да допатува во Тирана.

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани. /МИА

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

притисни ентер