Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

Покетино кандидат за тренерската позиција во Милан

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино може да го смени клубот на лето.

Според „La Repubblica“, Милан е заинтересиран за 52-годишниот Аргентинец. Забележано е дека „росонерите“ го вклучиле фудбалскиот стручњак во листата на кандидати, бидејќи актуелниот тренер Стефано Пиоли најверојатно ќе поднесе оставка.

Покетино е на чело на Челзи од летото 2023 година. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2024/25.

„Сините“ од Лондон по 36 кола имаат освоено 57 бодови и се на 7. место на табелата во Премиер лигата.

Во Белгија трошат по речиси 9.000 евра за обебзедување на руските дипломатски претставништва

Белгиската федерална полиција деноноќно ги чува руските дипломатски претставништва во Брисел откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, а дневните трошоци за таа намена се речиси 9.000 евра. 

Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци презентирани од министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден како одговор на пратеничко прашање, пренесе БТА.

Според презентираниот извештај, тоа доведува до трошоци од 261.864 евра месечно, а од почетокот на војната 6.240.705 евра. Се наведува дека одлуката за зголемување на безбедноста е донесена во консултација со белгиската служба за проценка на заканите, која работи во соработка со разузнавачката заедница и безбедносните служби.

Заштитата е во интерес на јавниот ред, објаснува Верлинден. Според неа, ваквите постапки се дел од законските барања за белгиската полиција.

Артета за шампионатот на Арсенал: „Во фудбалот секогаш има шанси“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по синоќешнаат победа над Манчестер јунајтед  во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, изрази надеж дека неговиот тим може да дојде до шампионскиот трофеј.

- Многу сме среќни со победата, особено со начинот на кој одигравме во вториот дел. Денеска влогот беше голем, исто како и на натпреварот со Тотенхем. Немаме простор за грешка, имаме големи тимови кои се натпреваруваат со нас кои ни ја отежнуваат задачата. Сакавме да ја отвориме вратата кон титулата, последното коло ќе се одржи пред нашите навивачи. Сега ни преостанува да го гледаме натпреварот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем. Ќе ги следиме резултатите. Во фудбалот секогаш има шанси, изјави Артета за „Sky Sports“.

Арсенал е прв во поредокот во Премиер лигата со 86 бодови, еден бод повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

Во последното коло, на 19 мај „Топчиите“ го пречекуваат Евертон, додека Сити на домашен терен се среќава со Вест Хем. Во меѓувреме, на 14 мај, Манчестер сити му гостува на Тотенхем во заостанат натпревар од 34. коло.

притисни ентер