На концертот, во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.

Централно-европската иницијатива е една од значајните регионални мултилатерални инцијативи формирана пред 26 години. Организацијата обединува 18 држави од Средна и Југоисточна Европа меѓу кои и Република Македонија. Земјите членки на ЦЕИ меѓусебе соработуваат на различни теми од взаемен интерес како на политички така и на економски план. Република Македонија и официјално стана претседавач со оваа реномирана организација во јануари годинава во период од една година. /МИА

Датум на објава: четврток, 30 јули 2015 во 07:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар