Бегалците се фатени во акција спроведена во текот на ноќта на планините кои ги делат двете земји. Во полициското соопштение се наведува дека тројцата опасни и вооружени мажи вчера во доцните вечерни часови ги запрела погранична патрола.

Еден човек е приведен на лице место, додека другите двајца избегале и одделно се уапсени денеска во раните утрински часови.

Вкупно седум затвореници кои служеле долгогодишни затворски казни, некои дури и осудени доживотно поради убиства на полицајци избегаа во саботата од затвор во Дренова, југоисточна Албанија.

Четворица од нив беа уапсени уште во првите 24 часа.

Датум на објава: четврток, 28 ноември 2013 во 12:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар