Само кусо велат дека не знаат кога ќе биде вонредниот конгрес на кој ќе се избере новиот лидер.

Груевски веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг на локалните избори изјави дека најголема одговорност за нив тој како лидер. Во Само вистина, Петар Богојевски од Реформаторите посочи дека процесот на поднесување на оставката го забрзал и слабиот одѕив на членството на протестите организирани за апсењата и приведувањата на инволвираните во настаните од 27 април. 

И Пандов и Богоевски прогнозираат дека ќе бидат организирани два конгреси. Според Пандов многу брзо ќе има  конгрес  организиран според партискиот статут кој нема да биде прифатлив за дел од членството. Според  Богојевски,  Груевски повторно ќе игра игра, за да може и  понатаму да управува со партијата, преку поставување на кукла претседател. Во тој случај вели тој ќе мора да се одржат два конгреса, бидејќи првиот на Груевски ќе биде приватен, а вториот кој ќе го организираат тие ќе биде обединувачки.

Во јавноста веќе се шпекулираат имињата на можните наследници на Груевски, во игра се поранешниот министер за надворешни Никола Поповски, и генералниот партиски секретар Христијан Мицковски...

Соговорниците на Канал 5 единствени дека на  македонската политичка сцена и треба ВМРО-ДПМНЕ но како кредибилен партнер и на домашната политичка сцена и на меѓународната, за да спроведува нови политики за да стане повторно управувачка партија.

Во меѓувреме членовите на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Битола побараа оставка од локалното раководство на партијата, Извршниот Комитет и лидерот Никола Груевски. Како причина за тоа ги наведоа изборите резултати и погрешните политики кои како што рекоа ја доведоа партијата до целосна изолација.



Датум на објава: сабота, 02 декември 2017 во 19:55
Весна Велкова Тодоровска

коментари

остави коментар