ДИК: Во дијаспората гласале 25,38% , над 60% во затворите и над 80% од болните и немоќните

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

ДИК: Во дијаспората гласале 25,38% , над 60% во затворите и над 80% од болните и немоќните

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

Се уште се отворени шест гласачки места во дијаспората каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25.38 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што сеуште трае гласањето.

14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.

Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 % за Претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91% гласале за избор на пратеници.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10036 или 92.04 % за пратеници во законодавниот дом.

Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер