Дали ќе си подадат рака со Тарчуловски доколку го изгуби изборниот дуел? Дали е предност или хендикеп тоа што е син на познатиот бизнисмен и поранешен пратеник Зоре Темелковски? Филип Темелковски открива дали зборува бугарски, и колку врските со бугарската стопанска комора ќе му помогнат за нови инвестиции во општината.

Зошто не зборува лошо за неговиот противкандидат, има ли „црна“ кампања?! Смета дека нема ништо спорно што министри од владата се дел од неговата кампања, тврди не се злоупотребуваат државни ресурси, нема агитација и притисоци. Зошто за Темелковски се смешни тврдењаата за кампови за мигранти?

За проектите, за досегашното работење во општината повеќе од разговорот со Филип Темелковски кандидат на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода во „Само Вистина!“.


Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 00:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар